За Нас

Општо

Таму има многу играчки и смеа, силен детски џагор и весела врева

Полно мали срца чукаат ко едно, од играта и среќата има ли повредно

Ја посетив конечно вчера и јас, ги видов тие играчки си запеав на глас

И знаев, бев сигурен дека еден ден, таму ќе го прославам мојот роденден.

Го натерав тато еднаш да одиме и ние, да видам дал е вистина и што таму се крие

Тајната ја открив веднаш кога влегов, и во тоа царство слегов.

Сега покани си пишувам со ракопис детски, ќе ги поканам сите мои другари светски

после Мики Маус и Дизниленд, да дојдат во игротеката од соништата ДРИМЛЕНД.

Пријателска атмосфера

Дримленд игротеките се вистинско место за одлична забава, игра, дружење и креативност, Опремени се со современа опрема изработена по највисоки стандарди за да се овозможи безбеден и сигурен престој на сите деца под надзор на професионален персонал. Се наоѓаме на 5 локации во Скопје во пријатно и модерно опремени простори на површина од 200м2 секој, и нудиме за секое дете по нешто интересно. Само кај нас можете да сретнете идни ѕвезди,претседатели, пилоти, астронаути, доктори, спортисти и научници, затоа што само во Дримленд секое дете има право да сонува и да верува во своите соништа!

Свеќичката Оги

Како семејна компанија чиј дејност е поврзана со растењето и развојот на децата решивме да понудиме детска серија која ќе понуди забава, водејќи грижа да имаат децата и корист од тоа.На нашиот Јутјуб канал, Свеќичката Оги сите деца можат да ги следата авантурите на најсимпатичната роденденска свеќичка во земјата на соништата, Дримленд.

Нашите игротеки

Во Дримленд игротеките Ви нудиме безбеден престој за вашето дете со играчки според сите безбедносни норми поделени на зони за активности: Мега Лавиринт за развој на моторните и логички способности, Колички за уживање во забавата, Софт (мека) зона за безгрижни игри со куќички, кујни, алатници, камиончиња, плејстејшн и електронски игри за дружење, терен за кошарка , Трамболина , ЕДИНСТВЕНИТЕ И НЕЗАОБИКОЛНИ ЗАМОЦИ ЗА СКОКАЊЕ И ВРТЕЛЕШКИТЕ (COCONUT TREE). Ако сакате на Вашите деца да им организирате незаборавна роденденска прослава, со одлична забава, диско, анимација, детска шминка, маскоти и многу други изненадувања, тогаш дозволете ни нам докажаните експерти за роденденски забави да ја приредиме вашата роденденска забава од соништата. 

Вратите на нашите игротеки се отворени за вас секој ден од 11-22 часот , освен Дримленд Рамстор која е отворена секој ден од 10-22 часот.

 

Искрено ваши,

session_popup1Array ( [session_popup] => 1 )