За Нас

Правилник

При користење на услугите на Дрименд игротеките децата и родителите се должни да се придржуваат на основните правила:

1. Игротеката е наменета за игра и забава на деца од 1 до 10 години

2. Деца на возраст под 2 години може да престојуваат во игротеката само во присуство на возрасно лице

3. Лицето кое оставило дете во игротеката има обврска да остави достапен телефонски број и да биде во просториите на трговскиот центар во случај да има потреба од него

4. Лицето кое оставило дете во игротеката има обврска да дојде лично по него најдоцна 5 мин пред истекот на времето за игра

5. Забрането е внесување животни, остри предмети, како и храна и пијалок од надвор во игротеката

6. Забранет е влез во просторот за деца со обувки

7. Поради сигурност пред влез во игротеката задолжително отстранете го накитот, и сите предмети од вашите деца со кои би можеле да се повредат тие или останатите деца присутни во игротеката

8. Сите корисници на нашите услуги се должни со внимание да се служат со инвентарот, играчките и останатата сопственост на игротеката, во спротивно сите настанати штети ќе бидат на нивен терет

9. Игротеката не одговара за можните повреди настанати со неправилна и невнимателна употреба на опремата и играчките

10. Корисниците на игротеката се должни да внимаваат на своите работи, во спротивно игротеката не одговара за губење на нивните работи

11. Игротеката го задржува правото да го замоли секого кој не се придржува кон гореспоманатите правила да го напушти објектот

Игротеката нуди забавен и креативен простор за Вашите деца. Опремен е со современа опрема изработена по највисоки стандарди за да овозможи безбеден и сигурен престој на Вашите деца.

ДРИМЛЕНД.

session_popup1Array ( [session_popup] => 1 )