Дримленд Рамстор е посебна игротека наменета претежно за дневен престој. Се наоѓа во ТЦ Рамстор Мол . Има централна локација во Рамстор мол на кат и е со површина од 200 м2. Обезбедува услови и за организирање на роденденски забави во посебен роденденски дел . Дневен престој е дозволен во текот на целото работно време на игротеката од 10-22 часот. Има капацитет од 50-60 деца. Опремена е со современа опрема изработена по највисоки стандарди за да овозможи безбеден и сигурен престој на сите деца.
Информации и резервации се вршат на тел 078 24 77 31.